(ВИДЕО) Протест: Tендери не не интересираат, плаќаме сметки, бараме струја

Од:

 

“Тендери не не интересираат, плаќаме сметки, си ги бараме правата“ беа некои од пораките кај градоначалникот на општината кој по 10 дена, по протестот, се сретна со своите сожители.

Луѓето му кажуваа на градоначалникот дека жена скршила нога, но од затрупаните патишта не можеле да ја однесат до болница.

“Не ни е важно кој го добил тендерот, ваша обврска е да ги исчистите патиштата. Пред нас вие одговарате, и во врска со струјата, и во врска со затрупаните патишта. Во некои од селата грам сол нема фрлено, критичните кривини се под стакло, да не дојдоа монасите немаше да биде проодно“ зборуваа револтирано жителите пред градоначалникот.

На протестот луѓето се жалеа:

-10 дена никој не дојде да не види, 13.000 луѓе, со деца, на студ, во темно. Никој не `не подготви дека ова ќе се случи. Зимницата што ја стававме цела година се расипа, ни храна немавме.

Други кажуваа дека купувале една свеќа за по 80 денари, дека не само што немале струја, не само што не можеле да појдат до соседите од затрупаните патишта, туку им се расипани и електрични апарати.

-Како сега да купам нов телевизор, праша разочарано еден од жителите.

Дојдените од странство кажуваа дека не успеале да се видат со блиските, а дошле од далеку.

Еден човек рече дека во реканскиот крај има струја од `56 година, но дека до сега ова им се нема случено.

Редовно плаќаме сметки и си ги бараме правата, рече тој. Најави индивидуани и колективни тужби за нанесените штети.

-Ги плаќаме сметките, ги извршуваме должностите, ја сакаме земјата, имаме право на струја, вода, чисти патишта, ги поддржа граѓаните претседателот на ОО на СДСМ во Маврово Ростуше, Самир Алиу.

-Имаме проблем да се измиеме, срамно е 10 дена во 21-от век да сме без струја. Луѓе поминале по 100-ци километри да си дојдат до огништето, а оние кои тагувале по него ни лицето не можат да му го видат. Градоначалникот 10 дена никаде го немаше, Кризен Штаб не беше формиран, полиција немаше, во темното сешто можеше да се случи. Чувај се од гневот на трпеливиот, а ние сме трпеливи луѓе, рече Алиу. Ова предизвика извици “УА“ на денешниот протест.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“