(ВИДЕО) Протест на здравствените работници: Бараме рамноправно учество во измените на законските регулативи

Од:

Стотина здравствени работници со залепени мети и пароли „И јас сум Љубомир Огњновиќ“ утрово се собраа во паркот во болницата уште еднаш да ја изразат поддршката за доктор Љубомир Огњеновиќ кој во понеделникот со огнено оружје беше погоден од страна на синот на пациентка која со тешка здравствена состојба починала по оперативниот зафат.

Лекарите ги истакнаа своите барања и јавно го изразија револтот за долготрајното омаловажување за кое никој не презема мерки, за новите законски регулативи за лекари и сестри со средна стручна спрема, како и барањето за бенефициран стаж.

Соред лекарите, ова е само еднодневен протест, а понатаму се надеваат дека ќе имаат рамноправна партнерска комуникација со министерството за здравство во врска со донесувањето на битните закони се со цел подобро здравство како за пациентите, така и за здравствените работници.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем