ВИДЕО: Протест на стечајците, Митревски избегна средба со Георгиевска

Од:

Група од околу 50- тина стечајци денеска се упатија да протестираат пред Владата, откако лидерката на стечајците Лилјана Георгиевска не успеа да оствари средба со претседателот на Сојузот на синдикатите Живко Митревски.

По приемот во Синдикатот, таа изјави дека разговарала единствено со секретарот на ССМ, при што и било речено да испратат нивни предлог закон за стечајците и тие ќе проценат дали тој треба да претрпи некакви измени и надополнувања.

Како што рече Георгиевска, нивните барања остануваат непроменети – трајно згрижување на стечајците со минимум 15 години работен стаж и 50, односно 53 години старост за жени и мажи.

– Македонија е единствена земја во светот каде полицијата ги спроведува стечајните работници во зграда на Синдикатот. Сепак, договоривме средба нашиот предлог закон да го доставиме до Синдикат и да разговараме дали се потребни корекции, за да може Синдикатот да го предложи на Владата и на Економско социјалниот совет. Што се однесува до годините, можеме да разговараме за измени и дополнувања – изјави Георгиевска.

Според Георгиевска, стечајните работници кои се обештетени според актуелниот закон ги бараат да одат на работа во Кавадарци и Гевелија и да работат во фабрики.

– Им се закануваат дека нема да земаат паричен надоместок, ако не прифатат да работат. Доста ни е со популистичките мерки на Владата, затоа се и протестите – изјави лидерката на стечајците.

Протестот започна пред зградата на ССМ, од каде стечајците тргнаа кон Владата.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Собраниска расправа за нов закон за стечајци, надомест за уште 1.000 лица

Ана Ололовска

Законите за стечајците и за класифицирани информации пред Собранието

Ана Ололовска

Собранието ќе расправа за законот за стечајци

Ана Ололовска

Средба на Заев со претставници на стечајните работници: Поздравени чекорите на владата низ дијалог да се решат проблемите

Наум Локоски

МТСП: Со законот за стечајци 3.000 лица ќе добиваат 7.596 денари месечно

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Протест на стечајците: Груевски да ни ги врати парите, пола од стечјаците дома немаат струја

Ана Ололовска