(ВИДЕО) Протест на пазарџиите – Градот го затвори за возила влезот на Буњаковец

Од:

Пазарџиите од Буњаковец протестираат поради тоа што градот стави столбови пред пазарот. Пазарот не работи, а пазарџиите се револтирани што не можат да вршат дотур на стока.

Од Град Скопје за А1он велат дека површината помеѓу булеварoт “Партизански одреди“ и пазарот Буњаковец е јавна површина со единствена намена пешачко-велосипедска патека. Меѓутоа, тротоарите долж целиот булевар “Партизански одреди“ се користат како паркинг, не само пред пазарот Буњаковец, а велосипедската патека не функционира со години наназад.

Пазарџиите веднаш се побуниле во Град Скопје, а од таму само усмено им одговориле дека мора да се спроведуваат ЕУ стандарди, односно да им патека и велосипедска патека, иако такво нешто нема во целиот град.

– Одржавме протест зашто ни го затворија пазарот од сите страни и не можеме да извршиме дотур на стока. Овој пазар постои многу години, на времето имало сопствен простор за паркинг, а сега нема никакви места за пазарџиите. Со тек на време пазарот станал приватен, сега може ќе речат дека пазарот треба да ни обезбеди паркинг простор, но ова е објект од јавен интерес и треба да му дадат дозвола на Скопски пазар да може да се паркираме, да истовариме роба и да товариме кога си одиме. Со протести ќе продолжиме, денеска имавме средба со Скопски пазар ги замоливме да најдат решение да се ослободат дел од тезгите за приватен паркинг простор со тоа што ќе им биде дозволено од Град Скопје, вели пазарџика која со години продава свеж зеленчук на пазарот Буњаковец.

Таа вели дека столбовите пред пазарот почнале да ги ставаат од неделата, иако на некои места е дозволен паркинг.

– Лукоил има места со плаќање и ги држи, ако е така зошто не побарале и Скопски пазар да има места за паркирање. Треба да размислат зашто ние сите еднаш останавме без работа и сега може да ни се случи повторно, вели пазарџиката. Според продавачите на пазарот доколку Градот Скопје остане на одлуката, тогаш пазарот ќе биде затворен поради неможноста да функционираат.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Горат три контејнери кај Буњаковец

А1он

Наместо 29 метри висока катна гаража, Центар гради монтажна гаража на 1 спрат во Буњаковец