ВИДЕО: Пропаѓа улицата кај МНР, полицијата го обезбедува просторот

Од:

Пропадна пешачката патека пред Министерството за надворешни работи во центарот на Скопје. По дождовите кои траеја во текот на целиот ден, се отвори дупка пред министерската зграда. Булеварот „Филип Втори Македонски“ со часови се затворен за сообраќај, поради страв дека дупката може да се прошири и да пропадне асфалтот.

Полицијата го обезбедува просторот, а пак Град Скопје веќе ја испумпа водата која беше насобрана во дупката.

Неофицијално, можна причина за отворањето и за пропаѓањето на патеката е свлечиште во близина на „Железниот мост“ кој се наоѓа непосредно до Министерството за надворешни работи. Втората можна причина е пукнатини на канал кој поминува низ местото каде се појави дупката.

Засега од Град Скопје, под чии ингеренции е булеварот, нема информации за тоа дали дупката може да се прошири и да опфати дел од патот.

Полицијата ќе остане да го обезбедува просторот се додека не се пронајде причината и не се санира дупката.

Би можело да ве интересира

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје