Дури ни бесплатниот „Појадок на мост“ не може да помине без политичка пропаганда на владејачката партија. Цела свита министри од Владата присуствуваа на Камениот мост, а дел од нив седеа со граѓаните и доручкуваа од скромниот појадок.
По официјалниот почеток на „Појадокот на мост“, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски заедно со министрите Диме Спасов и Миле Јанакиевски седнаа бесплатно да јадат со граѓаните на Камениот мост
На почетокот се појавија и градочалникот на Кисела Вода Билјана Беличанец и заменик министерот за образование Спиро Ристовски, но тие брзо заминаа.
Останува нејасно во каква улога министрите се појавија на „Појадокот на мост“.
Петар Клинчарски