(ВИДЕО) „Појадок на мост“ или дојди – земи – замини

Од:

Голема редица на граѓани со билет во рака уште пред девет часот изутрина нестрпливо чекаа да ги наполнат кесите и торбите со храна и да заминат дома.

Наместо да појадуваат на поставените маси на Камениот мост и мостот „Око“, тие ги предаваа картите, го земаа појадокот и заминуваа, по што мостовите останаа полупразни. Оние кои одлучија да останат, појадуваа со инструментална музика на АБА и Пинк Пантер, а многумина немо набљудуваа од страна во надеж дека без билет или со партиска членска книшка ќе можат да добијат една порција.

„Појадокот на мост“ наместо да ја исполни целта-дружење, сепак под влијание на сиромаштијата манифестацијата ја претвори и годинава во прехранување. Сепак, дел од граѓаните изјавија дека не се дојдени за јадење и пиење, туку за дружба со пријателите. Повеќето, кои и годинава носеа полни торби накај дома, се пожалија дека е послаба организацијата на „Појадокот на мост“.

– Многу е слаб појадокот годинава, некако минатата година како да беше побогато – изјави еден незадоволен граѓанин.

pojadok

– Прв пат сум тука, убаво е организирано, дојдов тука поради дружбата со пријателите, не ни е битна храната – изјави друг присутен на настанот.

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, се обрати пред насобраната толпа луѓе и ги повика да се обединат и да се дружат меѓу себе.

– Ако еднаш седнете со човек на маса, ќе бидете постојано пријател со тој човек – изјави Трајановски.

На годинешниот „Појадок на мост“ присуствуаа околу 2.500 граѓани, од кои повеќето веднаш заминаа откако ги наполнија торбите.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пропагандата не престанува: И министрите на „Појадок на мост“

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Појадок на мост“ – граѓаните со торби кон дома

Ана Ололовска

ФОТО: Гужви за „Појадокот на мост“

Ана Ололовска

ФОТО: Во редици се чека за билет за бесплатен појадок на мост

Емир Латифовиќ

Петтиот „Појдок на мост“ на 14-ти септември

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бог и помогна да земе појадок на мост

А1он