(ВИДЕО) Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства во две товарни возила и магацини на правно лице

Од:

На наплатна станица Градско, полициски службеници ги уапсија Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје.

„При контрола во товарно возило „пежо боксер“ кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р.-полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства за кои не поседувале никаква документација, а за кои изјавиле дека припаѓаат на правно лице од Скопје. Подоцна, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред магацинот на правното лице пронајдено е уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено.

Додека, пак, денеска со судска наредба извршен е претрес во магацините на правното лице, при што се пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства. Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација со ОВР Кавадарци ќе ги преземаат сите мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица и по комплетирање на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Тошковски најавува заострување на казните за пиротехнички средства

Полицијата заплени над 6.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар

Горан Наумовски

Поддршка од пратениците за законски измени со кои ќе се забрани пиротехника во затворен простор

Законски измени со кои ќе се забрани употреба на пиротехника во затворен простор

Јаревски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред за употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Запленети 1 640 пиротехнички средства во Куманово, приведено едно лице

Предраг Петровиќ