ВИДЕО: Пронајдени 319 стебла канабис во пехчевско

Од:

Вчера (1.9.2022) во 11.30 часот во атар на с. Негрево, пехчевско, при обиколка на теренот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток пронашле 319 стебла на растението канабис.

Екипа на Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Берово извршила увид на местото и стеблата биле подигнати за понатамошна постапка. За случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Татко и син осомничени за илегална трговија со марихуана во гевгелиско

Трамп потпиша указ за ублажување на федералните регулативи за медицинска марихуана

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

Приведен е жител на скопско Страчинци – кај него се најдени гранки и стебла од канабис

А1он

Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола – Прилеп

А1он