ВИДЕО: Пронајдена голема количина оружје и муниција во кичевско, приведени две лица

Од:

Две лица од кичевското село Србица кај кои е пронајдена поголема колична оружје се приведени вчера соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.Двајцата ќе бидат предадени на јавното обвинителство и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави, велат од МВР.

„Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ,ОВР Кичево и ОВР Гостивар приведоа две лица од кичевското село Србица и запленија поголема количина на оружје.

Имено врз основа на претходна обезбедена наредба за претрес на дом од Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево се извршени претреси во дом и помошни простории на Х.И. (27) и А. И.(52), син и татко, во с. Србица. При претресите пронајдени и одземени се четири автоматски пушки „калашников“, две полуавтоматски пушки, две пушки, седум рамки за автоматска пушка со куршуми, 12 пиштолски рамки со куршуми, пушкомитролез со добош за муниција ,два митралеза од кои еден митралез марка М 53, а другиот е протиавионски DSK 12,7 mm со постолје ,цевка од тежок митролез, нож бајонет, седум пиштоли, револвер, над 3500 куршуми 11 рачни бомби со запалка, три рачни бомби без запалка, прибор за чистење оружје, футроли, маскирни ранци, маскирни елеци, двогледи и други предмети“, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи