ВИДЕО: Промоција на новите дипломци на Факултетот за безбедност

Од:

Факултетот за безбедност-Скопје денеска свечено ги промовираше дипломираните студенти од прв и втор циклус на студии.

На Факултетот се реализира прв циклус на студии на студиските програми за безбедност, криминалистика, безбедност и евроатлански интеграции, криминологија, безбедност и финансиска контрола, втор циклус на студии за безбедност, форензичка безбедност, криминалистика и безбедност и финансиска контрола, како и трет циклус студии по безбедност.

Чест ми е што сум присутен на овој свечен чин и имам можност директно да се обратам до новите дипломци, односно новиот и остручен кадар кој што во иднина ќе треба да се фати во костец со реалните предизвици во општеството, рече министерот Спасовски во денешното обраќање на промоцијата на новите дипломци од првиот и втор циклус студии на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

-Институциите и општеството се должни да ги отворат сите перспективи за што поквалитетна професионална реализација на младите луѓе. Сакам да нагласам дека МВР има примарна цел што повеќе да се отвори за целосна и континуирана соработка со младите образувани кадри од областа на безбедноста. Особено што ние сме свесни дека ниту едно општество не може да се надева на успешност без следење и практично имплементирање на новите, современи, стручни сознанија, без континуирана образовна наградба на луѓето кои ја сочинуваат институцијата и без реална кооперативност меѓу теоријата и практиката. Сакам да потенцирам дека сум уверен оти многумина од вас ќе го најдат своето место во општеството, вклучително и како дел од институцијата со која што раководам- рече министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата

Лекари, вработени во клиники, адвокати меѓу осомничените за измамите со парите за туѓа нега и инвалидски пензии

Катерина Ѓуровски

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила