Стотици средношколци му се приклучија на маршот иако Средношколскиот пленум од Битола деновиве континуирано се жалеше на притисоци и закани.
На фејсбук страната на битолскиот Пленум е објавено видео снимено денес каде професорка ги принудува учениците да одат на настава, а директорката средното медицинско училиште им се заканува дека учеството на маршот ќе им се одрази во поведението.
– Вие од трето осум качувајте се одма горе, за десет минути – им вели професорката. Кога средношколците ќе и речат дека одат на протест за што имаат право, таа им одговара:
– Ти доста, со тебе не разговарам. Не ме интересира, од трета осум ме интересираат. Значи ве молам овој и другиот час да бидете со мене. Ќе ве запишам сите кои нема да дојдете. Страшно ќе се разочарам ако не појдете горе. Што е проблемот, што сакате да правите? – им вели професорката.
– Не сакате да се качите, добро немојте, ама немојте да дојдете на крајот на годината и да барате повединието да ви се врати назад. И за факултет ви треба и за до крај на животот – им рече директорката на учениците.