ВИДЕО: Продолжува хаосот на Табановце и на Богородица, колони, гужви и чекање

Од:

На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Според сведочења на луѓето кои поминувале на овие гранични премини, чекањата се подолги. Состојбата на граничните премини може да се следи на овој ЛИНК.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

На „Табановце“ и „Блаце“ за излез од државата се чека до еден час

Горан Наумовски