ВИДЕО: Продолжи гласањето по инцидентите во Струмица

Од:

Во 9 часот и 18 минути еден гласач го скршил капакот на гласачката кутија на гласачкото место 1734 во Струмица поради што гласањето на ова место беше прекин еден час и две минути.

Капакот на кутијата е заменет, а избирачот приведен од полицијата. Според Васил Крстев претседател на општинската изборна комисија се уште не се знае дали случајно или намерно бил скршен капакот на гласачката кутија.

-На гласачкото место 1734 дојде до прекин во гласањето во траење од еден час и две минути што значи гласањето ќе се продолжи за исто толку време по 19 часот. Еден гласач сакајќи да го стави гласачкото ливче во гласачката кутија го свиткал повеќе пати и не му успеало наеднаш да го внесе, е сега дали удрил или дали притискајќи на кутијата, капакот само од кутијата е пукнат, другиот, односно гласачкиот материјал не е допрен, што значи се замени само капакот од кутијата и гласањето нормално продолжи. Значи кутијата не е падната, гласачкиот материјал е во ред, е гласањето се продолжува. Со увидот на полицијата прекинот потраа малку подолго од еден час и гласањето согласно законот ќе продолжи за еден час повеќе. Инаку лицето е познато, приведено е од полицијата, дополнителната истрага ќе покаже дали намерно е направено или случајно кршењето на капакот на гласачката кутија, изјави Крстев.

Инаку на останатите две гласачки места 1727 и 1730 гласањето засега се одвива без проблеми.

На трите гласачки места во Струмица со право на глас во избирачкиот список се запишани вкупно 3.255, од кои 875 се на гласачкото место 875.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Во недела ќе гласаат 1.013.375 граѓани, за гласање пријавени се и 4.826 болни лица

Горан Наумовски

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски