ВИДЕО: Приведени три лица од фабрика за канабис, запленети над шест килограми дрога

Од:

Приведени се три лица, а запленети се и над шест килограми марихуана произведена во фабрика за канабис во село Уларци, Кочанско која неовластено била изнесена од фабриката за продажба на илегалниот пазар.

Како што соопшти МВР, во акцијата на полицијата биле лишени од слобода Д.Б.(41) од село Другово, Кичевско, Г.П.(31) од Скопје и А.А.(31) од Кочани сите вработени во фабриката за канабис поради основано сомнение за нивна инволвираност во неовластено производство и продажба на дрога.

-Во координирана акција во Кочани и во трговски центар во Скопје Д.Б. бил затекнат при продажба на шесте килограми дрога и бил лишен од слобода. По претходно обезбедена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кочани, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Кочани и претставници од Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерство за здравство, извршен е претрес во правниот субјект во с.Уларци, кочанско, при што се лишени од слобода и Г.П. и А.А., се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата појаснуваат дека во текот на истрагата било утврдено дека Д.Б. заедно со Г.П. во периодот од ноември 2020 до февруари 2021 преземале низа дејствија со цел неовластено производство на марихуана во објектот, со намера неовластено ја продадат и да се стекнат со противправна имотна корист, додека А.А., вработен како обезбедување во објектот, помогнал во извршување на кривичното дело на начин што преземал дејствија спротивни на законските норми за обезбедување на објекти за производство на марихуана за медицински цели согласно Законот за контрола на опојни дроги.

Би можело да ве интересира

Кривични за 12 македонски државјани и 1 странец за криумчарење луксузни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба

А1он

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Десет претреси кај 10 лица на повеќе локации во Скопје, Неготино, Дојран и Битола

Горан Наумовски

Маж издавал службена полициска тајна, за него нема мерка притвор

Тројца повредени во возило на МВР кое имало сообраќајна незгода

Горан Наумовски

МВР: Поранешен началник на колега му овозможил да земе бонус плата