ВИДЕО: Приведени шестмина од скандалозното видео со пукање во гостиварско

Од:

Шест лица се приведени, а едно е повикано на службен разговор по денешните полициски претреси поврзани со видеото што се појави на социјалните мрежи, на кое се гледа пукање за време на семејна веселба во гостиварското село Добридол.

Од СВР Тетово информираат дека при претресите на повеќе локации биле пронајдени и одземени оружје и муниција.

Претресите започнале околу 18 часот. Кај И.С. (21) од Добридол бил извршен претрес, а неколку минути подоцна и кај А.И. (30), при што бил пронајден и одземен гасен пиштол. Во исто време бил извршен претрес и кај И.Б. (25).

Во 18:15 часот полицијата извршила претрес во домот на Б.А. во Добридол, каде биле пронајдени 30 куршуми за гасен пиштол, додека во дворот биле најдени 27 испукани чаури од гасен пиштол и еден патрон за ловно оружје. Поради тоа, приведени се Б.А. (46) и неговиот син М.А. (21).

Подоцна, при претрес кај Т.М. (26), полицијата пронашла и одзела пиштол со осум куршуми, ловна пушка со седум куршуми и гасен пиштол. Т.М. е лишен од слобода, додека С.М. е повикан на службен разговор.

Сите приведени се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка