(ВИДЕО) Приведени двајца скопјани за учество во инцидентите пред Собранието на Македонија

Од:

Приведени уште две лица и против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.
Од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода Д.Ј.(32) и С.Ј.(18) од Скопје и во соработка со ОЈО Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик.

Тие се сомничат дека на 05.07.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен јавен сoбир организиран преку социјални мрежи, започнале да фрлаат со камења и разни други предмети спрема полициските службеници и зградата на Собранието. Против нив се обезбедени сите докази, по што се изнесени пред Судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Две лица приведени во Дебар поради предизвикување пожар

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

Генералот Кувшинов е уапсен под сомнение за кражба на повеќе од 57 милиони рубли

Апсења за насилство и нерегистрирани собири во Врбас, Нови Сад и Белград

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката