ВИДЕО: Приведени двајца албански државјани при транспорт на дрога во вредност од околу 10 илјади евра

Од:

Денеска (06.01.2023) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, лишени од слобода се А.Н.(64) и Ф.Т.(56), двајцата државјани на Република Албанија.

Имено, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од СВР Тетово и сообраќајната полиција од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на наплатна станица Тетово, сопреле патничко возило „мерцедес“ со албанска национална ознака, управувано од А.Н., во кое сопатник бил Ф.Т.. Поради постоење на сомнение дека со возилото се пренесува дрога во координација со Мобилен тим од Царинската управа извршен е претрес на возилото, при што е употребено и царинско куче.

При претресот, во резервна гума во багажниот простор на возилото пронајдени се три пакувања со марихуана, во количина од околу три килограми со вкупна вредност од 10 илјади евра. Лицата се приведени во полициска станица и од страна на СВР Тетово по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово.

Би можело да ве интересира

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари