ВИДЕО: Приведен дилер од Албанија, запленети над 15 килограми марихуана

Од:

Близу ГП Ќафасан, полициски службеници синоќа приведоа едно лице државјан од Република Албанија, кај кого се пронајдени 16 пакувања марихуана со вкупна нето тежина од повеќе од 15 килограми, соопшти МВР.

– Околу 20:30 часот, вчера полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за специјални полициски операции и СВР Охрид, на подрачје на Струга, во непосредна близина на магистралниот пат А2 – Е852 (на околу два километри од ГП Ќафасан) пресекоа канал за недозволена трговија со марихуана од Р.Албанија во Република Северна Македонија и запленија 16 пакувања со вкупна нето тежина од повеќе од 15 килограми, а го приведоа Е.Х. (20) од Република Албанија, посочуваат од МВР.

Од МВР соопштуваат дека против Е.Х. до ОЈО за ГОКК ќе биде поденесна кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик и во текот на денешниот ден ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека продолжуваат со засилени мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со наркотични дроги.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он