(ВИДЕО) Притисоците се засилуваат – средношколците не ги потпишуваат пријавите за матура

Од:

Закани со губење на правото на школување, исписници од училиште, притисок за потпишуање на изјави дека ќе се полага матурата со предметот математика, задолжителен за техничките училишта, закани со парични казни – вака поминува четвртиот ден на бојкотот на наставата во голем број скопски средни училишта и во повеќе училишта во земјава.

– Притисоците во сите средни каде што се одвива бојкотот се зголемуваат од ден на ден. Но, тоа не не’ демотивира, ние знаеме дека имаме право да се бориме. Бараат да ги потпишеме пријавите за матура, а доколку ние ги потпишеме тие пријави значи дека се согласуваме реформите во образованието кои налагаат природно математичките насоки во гимназиите задолжително да полагаат математика. Ние нема да ги потпишеме тие пријави, бидејќи се бориме против спречувањето на правото на избор, вели претставничка на Средношколскиот пленум од гимназијата “Раде Јовчевски Корчагин“.

Рокот за пријавување на матурата истекува денеска, но родителите ги поддржале средношколците и се заложиле тој рок да се пролжи.

Дали ќе продолжи бојкотот зависи само од Министерството за образование и наука, велат од средношколскиот пленум.

Во меѓувреме, директорите на училиштата се недостапни за медиумите за да објаснат што се случува во нивните училиушта и зошто учениците се подложени на закани, притисоци и уцени.

Иако беше најавено дека оваа недела министерот Адеми ќе се сретне со Средношколскиот пленум за да ги сослуша нивните барања – тоа не се случи. Тој вчера бараше слободен термин во својата агенда. Тој и денеска не ги повика средношколците.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците