ВИДЕО: Прилепчани маршираа за враќање на демократијата

Од:

Ладното време не ги поколеба прилепчани. И вечерва масовно излегоа на улиците и го изразија својот револт против, како што велат, ненародната власт и диктатурата на Груевски.

Прилепчани на маршот велат дека повеќе не се плашат и не подлегнуваат под притисоците на овој режим и одлучно одат до крај, да ја вратат демократијата и слободата во Македонија.

Колоната  вечерва маршираше од центарот на градот, до населбата Гоце Делчев, каде попатно беа блокирани неколку раскрсници.

На отворениот парламент, пред жителите од населбата Гоце Делчев во Прилеп се обратија претстедателот на ВМРО НП – Лубчо Георгиевски и пратеникот од СДСМ – Игор Ивановски.

prilep

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително