(ВИДЕО) Прилеп: Одиме до крај!

Од:

Прилепчани вечерва излегоа на протестен марш, кој заврши со отворен граѓански парламент во населбата Варош, каде се обрати пратеникот од Охрид – Митре Велјановски.

Во огромен број, варошани се приклучија на граѓанскиот парламент. Варошани секогаш знаеле да го препознаат времето за сериозни одлуки и патриотски чекори. Тоа го покажаа и вечерва.

Прилепчани, свесни дека живееме во еден од најтешките периоди за Прилеп и за Македонија, во период кога интересот на внатрешните непријатели и државни предавници е поставен над државниот интерес во еден глас му порачаа на Груевски, „ОДИМЕ ДО КРАЈ!“.

Над 50 денови сме на улица, маршираме гордо и достоинствено, со главата горе. Херојски и храбро како што им доликува на прилепчани. Секогаш први, секогаш на чело на отпорот! Секогаш на страна на правдината и вистината, порачаа на граѓансккиот парламент.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително