ВИДЕО: Претреси во Виница, разбиена група што незаконски продавала несоодветни тестови за Ковид

Од:

Во Виница е разбиена група што незаконски продавала тестови за Ковид-19. МВР во координација со другите институции ќе ги санкционира ваквите појави, како што е случајот во Виница, напишна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на неговиот фејсбук профил.

– По добиени сознанија дека лица од Виница, вршеле незаконска продажба на несоодветни брзи тестови за детекција на вирусот „ковид-19“, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Виница извршија оперативни проверки, при што е дојдено до сознанија дека лицата: В.П.(35) и М.А. (46) двајцата од Виница, заедно со правно лице од Виница нуделе и продавале несоодветни т.н. брзи тестови во врска со коронавирусот. Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело – “незаконито земање и користење на генетски и биолошки материјал“ казниво по чл.210-а од Кривичниот законик, со наредба од Јавен обвинител, бил извршен претрес во дом и други простории, при што во домот на В.П.пронајдени се седум кеси со натпис “Ковид Чек ТМ“ и едно шише од 2мл со течност со натпис „Буфер“, кои се одземени. До надлежното обвинителство ќе биде доставен соодветен поднесок, а и во наредниот период се преземаат мерки во врска со ваквите случаи, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Тој апелира до граѓаните да им веруваат и да се обраќаат само на овластени медицински лица кои се матични лекари или епидемиолози на институтот или центарот за јавно здравје и да не наседнуваат на вакви измами, а МВР во координација со другите институции ќе ги санкционира ваквите појави, како што е случајот во Виница.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски