ВИДЕО: Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 200.000 евра, приведени тројца албански државјани

Од:

Пресечен e меѓународен канал на транспорт на наркотична дрога од Албанија, низ Северна Македонија, која требало да заврши во Грција, како крајна дестинација.

Како што информираат од МВР, транспортот бил спречен во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во заедничка акција со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единицата за брзо распоредување и ОВР Ресен , при што биле приведени К.К.(25), М.Ф.(28) и Ф.Б.(42), сите од Република Албанија. Притоа, биле запленети 65 килограми марихуана со вредност од околу 200.000 евра.

-Имено, вчера во утринските часови, на регионалниот пат од Трпејца кон Стење, преку Националниот парк Галичица, биле сопрени две патнички возила, марка „мерцедес“, со албански регистарски ознаки, кои учествувале во вршењето транспорт на дрогата. При извршен преглед на возилата, од кои едното било управувано од К.К., каде како совозач бил М.Ф., а второто од Ф.Б., биле пронајдени и одземени 3 големи торби со марихуана, спакувана во 44 пакувања, стои во соопштението од Министерството.

Оо насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен дрогата е предадена на вештачење, како и дека против трите приведени лица ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица