(ВИДЕО) Преродба со БЕСА: Никој не може да ја запали Преродбата на албанската БЕСА

Од:

„До сега сме имале многу случаи на уништување на предизборниот материјал на политичките партии, меѓутоа многу ретко, дури и никогаш, не се случило обид да се запали билборд на некој политички противник.

Ова не претставува ништо друго освен стравот на тие кои до вчера фрлаа камења и ја криеја раката. Сега се гледа дека тие ја промениле стратегијата и палат оган а потоа ја кријат раката. За жал, тие секогаш и камењата и огинот ги фрлале кон Албанците, но никогаш врз нивните коалициони партнери од кои се потценети на најбрутален начин.

Ваквите обиди, ниту ја плашат ниту ја обесхрабруваат коалицијата ‘‘Преродба со БЕСА‘‘ во спроведувањето на своите предизборни активности. Напротив, ни дава дополнителен мотив да го продолжиме нашиот пат, бидејќи излегува на виделина нашиот главен противник не е само политички противник, туку и непријател на Албанците.

Ова на нас и на Албанците им дава дополнителен мотив во 11 декември да ги казниме за нивното учество во случајот ‘‘Сопот‘‘, во убиството на Харун Алиу со неговите пријатели, за учество во случајот ‘‘Монструм‘‘, за палење на албанските имоти во Ѓорче Петров и, на крај, директно учество во предавството во „Диво Насење“ во Куманово, за кои добиле и големи награди од Јанкуловска, Мијалков и Чавков.

Ние уште еднаш апелираме до нашето членство, активисти и симпатизери на Движењето БЕСА да се воздржат до 11 декември. Ова не е прв пат противниците да сакаат да ја изгорат Албанската БЕСА, меѓутоа историски се знае дека секој кој сакал да ја изгори БЕСАТА, се изгорел од својот оган.

Овој пат најдобриот начин да се изгорат нашите противници е преку Албанскиот глас, токму на 11 декември“, изјави порпаролот на централниот штаб на коалицијата Rilindje me BESË, Орхан Муртезани.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември