(ВИДЕО) Прентовиќ: Ќе направиме контрола како земјоделското земјиште отишло во Владиниот секретаријат

Од:

Стигна директно признание од кај Никола Груевски дека распределбата на државното земјиште ја злоупотребуваат за партиски цели. За тоа се доказ последните четири огласи. Огласите ги распиша Министерството за земјоделство. Но понудите, не се доставуваат до Министерството за земјоделство, вели Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисија за земјоделство на СДСМ.

Понудите од последните 4 огласи за распределба на државно земјоделско земјште се доставуваат до Генералниот секретаријат на Владата!

Станува збор за огласи по потпишаниот политички договор од 02 јуни / 15 јули.

Тоа се огласите од 10 и 31 август и огласите од 01 и 03 септември 2015.

Кога стана јасно дека ќе има преодна влада, а министерството за земјоделство ќе мора да биде еден од ресорите под контрола од злоупотреби, на 15.06.2015 година направени се измени во Законот за земјоделско земјиште.

Со тие измени, водечката улога на министерството за земјоделсто во распределбата на земјиштето е префрлена на Владата. Министерот распишува јавен оглас, по добиена согласност од Владата.

Според член 30 од Законот за земјоделско земјиште, договорот сo избраниот понудувач сепак го склучува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оттаму, јасно е што бараат понудите во Генералниот секретаријат на Владата. Уреден е упад на Генералниот секретаријат на Владата во ингренциите на Министеството за земјоделство.

Доставувањето на понудите до Генералниот секретаријат на Влада на Р. Македонија јасно и без затскривање покажува дека земјоделските државни површини се кројат и се делат партиски.

Исто така, во дел од огласите предвидено е пробивање на законскиот рок за поднесување на понудите. Даден е рок од 60 дена, иако законскиот рок е од 15 до 30 дена.

СДСМ по именувањето на новиот заменик министер во ресорот земјоделство ќе направи контрола на сите малверзации на Груевски и неговата власт и ќе ги преземе потребните чекори.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ