(ВИДЕО) Премиерот Заев на Тортијада 2017: Животот е полесен кога градиме пријателства и кога меѓусебно си помагаме

Од:

„Навистина ми е задоволство што, не знам веќе и јас по кој пат, еве сум овде на традиционалната Тортијада којашто се организира во Банско.

Верувам дека бројката беше едноцифрена кога првпат присуствував овде, а еве сега сме на 20-та Тортијада, затоашто си ветивме дека без разлика каде не носи патот во нашиот живот, остануваме заедно да го споделуваме задоволството од она што претставува традиција, од она што претставува вредност преку дружењето, да градиме пријателства коишто навистина се вредни и на коишто сите им се радуваме.

Јас, на сите вас, Ви посакувам пријатна вечер.

Посакувам секако да победи најдобрата торта, тоа е најважното.

Секогаш важеле правилата дека тоа што е најдобро, е најдобро без протекции, буквално преку изјаснување на комисијата.

Се надевам дека сите ќе можеме на крајот, ако не повеќе, малку да чепнеме од шамот или од шлагот…Да пробаме од овие навистина прекрасни дела.

Сакам од Ваше и од мое име, но и од името на присутните советници, градоначалници и други присутни, да им се заблагодарам на прекрасните дами коишто ја даваат смислата на оваа Тортијада, заради тоа што без Вас, Тортијадата нема да е така богата и убава, како што секоја година знам дека е се побогата и се поубава.

Мене ми е секојпат задоволство што се дружам заедно со сите Вас. Ве сметам за искрени пријатели, сметајте ме за искрен пријател. Стоиме на располагање меѓусебно да си помагаме и да се поддржуваме, заради тоа што навистина животот е полесен кога градиме пријателства и кога меѓусебно си помагаме.

Еве, да ги поздравам сите присутни вечерва на Тортијадата и Ви посакувам на сите пријатна вечер“, изјави премиерот Заев на традиционалната манифестација „Тортијада“ која оваа година се одржа на 21 октомври 2017 година во Банско.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска