(ВИДЕО) Премиерот Заев на ЕУ Самитот во Софија: Поврзувањето на земјите од регионот и зајакнувањето на врските со ЕУ за едногласна поддршка на европските перспективи на Западен Балкан

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска учествува во работата на Самитот ЕУ за Западен Балкан, кој се одржува во Софија, Република Бугарија, која како Претседавач со Европскиот Совет во првата половина од оваа година, е домаќин на шефовите на држави или влади на земјите-членки на Европската унија и на нивните колеги од регионот на Западен Балкан.

Во официјалниот дел од програмата, премиерот Зоран Заев денеска беше пречекан од страна на премиерот на бугарската влада Бојко Борисов, по што учествуваше во сесијата на отворањето на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, со кој претседава претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во име на ЕУ заедно со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев ќе учествува во работната пленарна сесија на тема „Поврзување“ (Conectivity), а за време на работниот ручек на шефовите на владите и на држави, со највисоките претставници на телата на Европската Унија, е планирано да има свое обраќање на тема „Заедничко справување со заканите“.

Во рамките на својата агенда Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска е предвидено да оствари средба со Канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, како и со премиерот на Холандија Марк Руте, како и со премиерите на Австрија и Шведска Себастијан Курц и Стефан Лофвен.

Лидерите на земјите учеснички на Самитот на ЕУ за Западен Балкан се очекува да ја усвојата Софиската декларацијата за Запеден Балкан на ЕУ, како и Софиската агенда на приоритети, која содржи конкретни проекти кои ќе бидат поддржани од ЕУ за да се исполнат зацртаните цели од декларацијата насочени кон зајакнување на владеењето на правото и демократските институции во земјите на Западен Балкан, борбата против организираниот криминал, доброт владеење и почитувањето на правата на малцинските заедници, како и на зајакнување на економските врски меѓу земјите од регионот, и на регионот со ЕУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски