(ВИДЕО) Премиерот доби баскет од Мекејлеб за роденден

Од:

Лестер Бо Мекејлеб му подари баскет на премиерот Никола Груевски, за време на негова посета на завршниот тренинг на кошаркарите пред заминувањето за Словенија.

-Дојдов да ги посетам и испратам нашите кошаркари на следното ЕП. Се надеваме дека ќе успеат во Словенија да постигнат добар резултат, рече Груевски.

Мекејлеб ја искористи приликата да му подари баскет на македонскиот премиер во име на репрезентацијата, подарок кој Груевски срдечно го прими.

Инаку, македонскиот премиер денеска го слави 43-тиот роденден, па овој подарок од нашиот најдобар кошаркар сигурно ќе му биде особено драг.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Партизан по 19 години ја прекина сушата

Почина спортскиот новинар и кошаркарски коментатор – Един Авдиќ

А1он

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Се подготвува револуција во европската кошарка: Евролигата би можела да добие уште клубови

„Не ми дозволија да дојдам во Звезда и Партизан“