• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: Предупредувачки протест поради „забрзаното реализирање на антимакедонските политики“

by А1он27/01/2018 - 13:59223
Share0

Во организација на повеќе движења и здруженија, пред Собранието се одржа протест против, како што велат, антиуставниот и дискриминаторски закон за двојазичност.

Добивај вести на вибер

Оваа власт е антимакедонска и нелегитимна, после тие нерегуларни процеси, за што поднесовме барање до Јавното обвинителство да се поведе опсежна истрага, рече Ана Бобинкова Мијаковска, претседател на здружението на граѓани „Преродба“.

„Денешниот протест е закажан како сенароден предупредувачки протест со оглед на тоа дека забрзано се реализираат антимакедонските политики во соработка со други големи центри на моќ, притоа македонскиот народ е ставен настрана. Тие го злоупотребуваат дадениот легитимитет и го користат правото на гласачот да одлучуваат против сопствениот народ и сопствената држава, што е еден, единствен уникатен пример во светот.

Од денешниот протест сакаме да испратиме порака дека македонскиот народ никогаш нема да се помири со оваа состојба и во тек е потпишување со којашто бараме пред се да престанат сите овие преговарања на штета на македонскиот народ и македонската држава и сите досегашни такви нелегитимни одлуки, закони, акти, договори и се што се носи од актуелната нелегитимна власт не ги признаваме и ги прогласуваме за невалидни“, вели Бобинкова Мијаковска.

На следните протести, кои ги најавија, ќе биде даден збор на самиот народ, за да си ги искаже своите ставови и мислења во однос на актуеланите случувања.

Како што порача Мијаковска, сите здруженија на граѓани ќе стапат во коалиционо единство со народот, со цел преземање на судбината во свои раце и издвојување докрај на праведна битка, за сочување на вековниот идентитет, историја, култура, име и држава.

protest

Би можело да ве интересира

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Горан Наумовски27/01/2026 - 18:06

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 17:55

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он12/01/2026 - 15:5912/01/2026 - 15:57

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Горан Наумовски08/01/2026 - 10:04

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски26/12/2025 - 15:3626/12/2025 - 17:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен