(ВИДЕО) Предлог од СДСМ за подобрување на безбедноста на сообраќајот во Скопје

Од:

На денешната седница на Градот Скопје ќе се дебатира по две точки коишто се на барање од страна на СДСМ и опозициската коалиција. Едната е информација за предвидените мерки на градот за унапредување на безбедноста во сообраќајот и втората точка е информација за предвидените градби на местото на сегашните бараки на Градот Скопје, смета Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на советничка група на СДСМ и коалициските партнери.

Во однос на мерките за безбедност на сообраќајот во градот, покрај информацијата којашто ќе ја разгледаме, којашто ја достави Градот Скопје, нашата коалиција ќе достави неколку предлози:

Едниот од предлозите е да се ограничи брзината на движење на возилата на 50 км на час, да се зголеми бројот на надземни пешачки премини, да се унапреди велосипедската инфраструктура, но и генерално да се подобри вертикалната и хоризонтална сообраќајна сигнализација `се со цел да не ни се случуваат немили настани како што се случи инцидентот пред два три дена со губењето на млад живот на улиците на Скопје.

Во однос на втората точка што се однесува за предвидените објекти на местото на сегашните објекти на градот Скопје, бараме информација од градот да ни каже дали знае што ќе се гради на местото на сегашните бараки, согласно одлуката во службен весник од 27-ми јули оваа година ова земјиште е прогласено од страна на Владата за земјиште од посебен интерес. Но, согласно информациите на ова земјиште е предвиден објект за станување и деловен простор. Се поставува прашањето, од кога тоа посебен интерес на државата претставуваат станови и деловен простор?

Токму затоа, ние сме загрижени за габаритот и големината на објектот којшто се планира на ова место коешто е интегрален дел од Градскиот парк.

Во однос на другите поважни теми за коишто ќе се дискутира на Седницата на Советот, СДСМ и опозицијата целосно ќе се спротивстават на градење на улица на Кејот 13-ти ноември. Се работи за улица којашто ќе биде изградена пред Градскиот трговски центар и којашто целосно ќе го наруши движењето на пешаците во овој дел од градот.

Во однос на ребалансот на буџетот, којашто исто така е многу важна тема иако навидум се работи за мала корекција во буџетот, сепак длабинската анализа покажува дека најголемите кратења се однесуваат на ставката изградба и реконструкција на улици. Ова е сосема спротивно на интересите на граѓаните на Скопје и апсолутно е неприфатливо Градот Скопје во време кога гради Панорамски тркала, барокни фасади и останат раскош и луксуз, да нема пари за основните потреби на граѓаните на Скопје. Скопје одамна заслужи многу повеќе и многу подобро.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски