ВИДЕО: Пратениците од коалицијата „ЗА европска Македонија“ меѓу граѓаните на Скопје

Од:

Пратениците од коалицијата За европска Македонија денеска, во Скопје, разговараа со граѓаните на главниот град, на улица, на плоштад, пред продавничка, делејќи информативен материјал за значењето на рефереднумот ЗА македонската иднина и придобивките од членството во ЕУ и НАТО.

На Меѓународниот ден на демократијата пратениците им се обратија на граѓаните, повикувајќи ги да излезат на 30-ти септември и да гласаат.

„Референдумот е најсилниот облик на демократијата. Граѓаните одлучуваат и нивниот глас е конечен.
Граѓанска должност е да се учествува во градењето на македонската иднина.

Граѓаните покажаа одговороност на рефереднумот во 1991 година. Без нивниот глас, без гласот на граѓаните, Макдонија немаше да биде самостојна, независна и суверена држава.

Пред нас е историска одлука за иднината на државата, за членство во најмоќните сојузи ЕУ и НАТО. Време е одговорност да се покаже секој од нас затоа што без гласот на граѓаните Македонија нема да стане дел од ЕУ и НАТО.

Должноста да излеземе и да го искажеме својот став е повикот од идните генерации за чијашто иднина треба денес да донесеме одлука, порачаа пратениците од коалицијата ЗА европска Македонија“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО