ВИДЕО: Пратеничка од СДСМ ќе бара извинување ако некој ја опцуе, но пцостите на Џафери не ги осуди

Од:

Пратеничката Даниела Маркоска од СДСМ, доколку некој ја пцуе, ќе побара извинување. Истовремено, рече дека е сигурна оти собранискиот претседател Талат Џафери веќе им се извинил на собраниските службеници кон кои упати навредливи зборови по 71. седница. Не сакаше да коментира во детали за скандалот што се случи во Собранието, а за кој Џафери посочи дека не чувствува одговорност и никому нема да му се извини.

На прашањето од „А1он“: „Како ќе се однесувате ако сега јас вас ве опцујам?“, пратеничката Маркоска рече: „Па ќе побарам да ми се извините“. Прашана дали смета дека Џафери треба да им се извини на службениците во Собранието, Маркоска рече: „Сигурна сум дека веќе тоа и го направил“.

На укажувањето од екипата на „А1он“ дека Џафери на брифингот рекол дека не чувствува одговорност за непристојното однесување, Маркоска додаде: „Видете, има Комисија за деловнички и имунитетни прашања, на која ќе се расправа дали господинот има вина, дали тоа го напраивил. Не би зборувала ништо, доколку Комисијата, во која и самата сум заменик-член, не дискутира по тоа прашање“.

Маркоска не одговори дали го осудува однесувањето на Џафери, кој, меѓу другото, рече: „Матер ви е**м“, „Вие што сте на плата и уште е**ате мајката овде“, па викаше: „Бегај, бегај таму, бегај“.

„Да утврдиме првин која е причината. Јас ќе ви кажам дека претседателот на ова Собрание, Талат Џафери, реално и искрено, од службите е еден од најпосакуваните претседатели досега бидејќи многу се залага за собраниските служби во Собранието. Тоа засега можам да го кажам. По завршувањето на матичната комисија, можам да ви кажам и други податоци“, посочи пратеничката Маркоска од СДСМ.

Од неа немаше ниту одговор која мерка е соодветна за санкционирање на пцуењето на Џафери.

„Не би коментирала ништо сè до завршување на матичната комисија. Треба да има и докази… Потоа ќе бидам на располагање“, одговори Маркоска.

Прашана што помислила кога првпат ја чула снимката со Џафери, таа одговори: „Па, сега, како да ви кажам. Реално, сè уште не сум ја ни видела снимката. Сум ја чула, ама не сум ја видела убаво снимката. Така што…“.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска