ВИДЕО: Пожарите во Крушје и Локвица ќе бидат потешки за гаснење, предупредува Ангелов

Од:

Од околу 15 пожари на отворен простор, најсериозни се три, во атарот на дојранското село Николиќ, пожарот кај велешкото село Крушје и кај село Локвица, на територија на општина Македонски Брод. Пожарите во Крушје и Локвица, кои избувнаа денеска ќе бидат потешки за гаснење, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

– Пожарот во село Николиќ се одвива подолго од една недела. Рано наутро со дејство почнаа екипи на „Национални шуми“, со поддршка на локални пожарникари од Валандово и Гевгелија, со поддршка од доброволното противпожарно друштво од Дојран. Нив им помагаат и ДЗС, Единица за брзо распоредување (ЕБР) со поддршка од пожарникари од Кавадарци, кои се наѓаат на водени топови на овие возила. Утрово како поддршка на лицата кои гаснат од земја го пуштивме едниот ер-трактор од типот „амфибија“ на ДЗС, кој има носивост од три тона вода. Полни вода од Дојранското Езеро и на тој начин е значително зголемена неговата ефикасност. Во кратки временски интервали прецизно фрла вода онаму каде таа е најпотребна, изјави Ангелов.

Тој додаде дека од неодамна како поддршка на ер-тракторот и на силите од земја се приклучил и еден голем армсики хеликопер со ведро од три тона.

Би можело да ве интересира

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола