(ВИДЕО) Пожар во објект на скопско Кале

Од:

На социјалните мрежи вечерва се појави видео-снимка на која се гледа пожар кој зафати објект во Скопската стара чаршија. На снимките јасно се забележува развиен пламен и интервенција на противпожарните екипи на терен. РЦУК Скопје известува дека избувнат е пожар во 19.43 часот на стара куќа во близина на Црквата Св.Спас во Стара Чаршија. Во гаснењето на пожарот интервенираат 12 пожарникари со 4 ПП возила.

Засега нема официјални податоци за повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот сè уште не се утврдени.

Граѓаните се повикуваат да се држат подалеку од местото на настанот и да ги следат упатствата и препораките од службите за итни интервенции додека трае акцијата.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче