ВИДЕО: Пожар во кругот на „Охис“, сообраќајот за Драчево пренасочен преку Лисиче

Од:

Затворен е патот кон Драчево поради пожар во кругот на фабриката „Охис“, а сообраќајот е пренасочен преку Лисиче.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево на прес-конференција само потврдија дека пожар има, но детали рекоа дека ќе соопштат подоцна. Според првичните информации, станува збор за запалена сува трева и дека нема опасност по животната средина. Изгорена е административната зграда, а огнот зафатил и неколку приватни фирми во близина.

Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот.

На терен се четири противпожарни возила.

Според ЦУК, во Скопје до 16 часот се регистрирани 18 пожари. 

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче