ВИДЕО: Пожар на Смилковско езеро, густ чад се крена над Гази Баба

Од:

Густ црн чад се крена над населбите во општина Гази Баба откако се запалила трската на Смилковско езеро во близина на Железарница.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи вознемирени дека е можно да се случил пожар во кругот на неколку компании кои функционираат во фабриката.

Од Инспекторатот на Општина Гази Баба соопштија дека се работи за пожар на трска на Смилковско езеро.

„Инспекторатот е на лице место, повикана е и Противпожарна бригада и се гаси огинот“, соопштија од Инспекторатот.

Би можело да ве интересира

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати