ВИДЕО: Повторно забави во скопски клубови, со гужви, играње, без маски и дистанца

Од:

Забавите по ноќните клубови продолжија, откако рестрикциите се скратија, а полицискиот час се намали. Видеа по социјалните мрежи во изминативе два дена кружат од познат скопски клуб, кој претходно неколку пати беше затворан поради организирање на забави, иако тие се забранети. На снимките се гледа како претежно млади лица, се журкаат на познати песни. Меѓу присутните, според снимките, нема никаква дистанца.

dobivaj vesti na viber

Од видеата кои кружат, се гледа дека заштитни маски носат само шанкерите и келнерите, вработени во клубот. „А1он“ контактираше со Државниот пазарен инспекторат, од каде ни кажаа дека инспекторите се на терен. Нема информација дали инспекторите влегле и во клубот од каде се направени снимките.

Протоколите за работа на угостителските објекти забрануваат правење забави, жива и гласна музика. Забрането е стоењето на шанк и на високи маси, на маса може да седат само по 4 лица и треба да се оддалечени на 1,5 метри.

Санкциите во ваква ситуација за затворање на објектот во период од 10 до 30 дена, парична казана од 5200 евра како и прекршочна пријава.

Би можело да ве интересира

Тројца починати, 65 нови случаи на Ковид-19

Ана Ололовска

75 нови случаи на Ковид-19, двајца починати

Тројца починати и 108 новозаразени од ковид-19

Горан Наумовски

81 нов случај на Ковид-19, нема починати

Нови 105 заболени од ковид-19

Тројца починати, 96 нови случаи на Ковид-19

Ана Ололовска