ВИДЕО: Повторно ограден просторот спроти „Бристол“

Од:

По вчерашното уривање на оградите спроти хотелот Бристол од страна на револтираните граѓани на општина Центар, во раните утрински часови тие беа повторно поставени. Иако граѓаните ги урнаа оградите, за да не дозволат почеток на работите и отстранување на зеленилото и дрвата, во 3 часот и триесет минити по полноќ со силно полициско обезбедување беа исечени дрвата.

Граѓаните се револтирани дека никој не го слуша нивното мислење и дека со ова се уништуваат „белите дробови“ на градот, додека постарите жители на зградите се жалат дека со оградувањето им е ограничено движењето и пристапот.

Оваа одлука е донесена од градското раководство, а граѓаните обвинуваа дека за неа гласал и советникот од редовите на ДОМ на Лилјана Поповска. Иако во одлуката која беше донесена вчера стои дека има рок за жалба од 15 дена, веднаш е пристапено кон чистење на теренот од зеленилото кои се опстојува таму 40 години.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец