ВИДЕО: Повторно гори над ридот кај Битола, и натаму беснее пожарот на Серта

Од:

Повторно е активиран крак од пожарот во близина на Битола за кој надлежните денеска објавија дека е ставен под контрола. Нема опасност за градот ниту за објекти во околината вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

– РЦУК Битола известува дека пожарот кој што започна на 15.07.2024 часот во 16.00 часот кај м.в. „Германски гробишта“,на ридот над населбата Баир во Битола, е реактивиран на еден крак и се движи на запад кон м.в.,,Бел Камен“, на високо непристапен терен, а дува и силен ветар. Интервенираат ТППЕ Битола, се вели во информацијата од ЦУК.

Во последниот пресек за ситуацијата со пожарите, Ангелов повтори дека најкритична е сосотојбата со пожарот на планината Серта од страна на Неготино.

„Се работи за долга линија од триесетина километри, на која има одредени жешки точки, Се обидуваме да ги изгаснеме“, вели Ангелов.

Во моментов се интервенира од воздух со сите хеликоптери и ер-трактори кои ги има земјава, но и со странската помош кој пристигна. Активиран е и хеликоптерот од Србија кој се приклучи на хелкоптерот и авионите од Труција.

Би можело да ве интересира

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

Ангелов: Имаме индиции дека пожарот кај Батинци е намерно подметнат

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава