(ВИДЕО) Повторно дерење во Собрание, пратеничка на ДУИ се скара со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Седницата на Комисијата за европски прашања продолжи, но без претседателот Арбер Адеми. По 30 минути, беше прекината. Пред вратата на салата стоеше обезбедување, а внатре, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа да се работи по деловник. Со Комисијата раководеше заменик претседателката Арта Биљали-Зендели. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски бара одговори зошто се случил скандалот.

Во салата беше тензично. Пратениците бараа процедурално обраќање, а Арта Биљали-Зендели констатираше дека нема повеќе процедурални обраќања. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, бурно реагираа.

“Требаше да имате грижа на совест. Скандалот не е избежен”, кажа Биљали-Зендели.

Пратениците бараа повторно процедурално обраќање. А Биљали-Зендели рече ќе брои колку пати било побарано процедурално обраќање.

“Најдете според Деловник колку пати е дозволено процедурално обраќање. Ве фаќа нервоза, сте ветиле дека ова законско решение ќе помине низ Собрание. Вашите судии се намалуваат. Жал ми е, ама процедурата ќе мора да ја истрпите. Процедурално ќе побараат другите колеги пратеници, координатори и заменици. Можете претседателот на комисијата да им каже дека нема право на процедурално Халил Снопче, а не така дневен ред да се става на усвојување без измени “, врати Никола Мицески од ВМРО-ДПМНЕ.

И пред Собранието има полициско обезбедување. Во Собранието имаше и координација меѓу пратениците од СДСМ и собранискиот претседател Талат Џафери.

Седницата продолжи во друга сала, бидејќи, во „Борис Трајковски“ каде се случи инцидентот, не работи дел од опремата.

Седницата продолжува утре во 12 часот.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски