ВИДЕО: Повредените во сообраќајката кај Будимпешта хоспитализирани, едно лице во животна опасност

Од:

Министерството за внатрешни работи изутрината во рамки на меѓународната полициска соработка било информирано од унгарската полиција дека на територијата на Унгарија во близина на гранциата со Австрија се случила тешка сообраќајна несреќа на македонски автобус во кој се превезувале туристи, при што се повредени 28 лица од кои 6 потешко.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека според првично добиената информација што треба дополнително да се потврди, едно лице е во животна опасност. Меѓу повредените има и две деца, но нивните повреди се од полесна природа.

Според информациите од унгарската полиција, преземени се сите мерки за укажување медицинска помош на сите повредени, а интервенирала и Противпожарната единциа за извлекување на повредените од автобусот.

Автобусот кој се движел на релација Скопје – Прага излетал од патот на 50 километри пред Будимпешта, кај градот Гор. Автобусот завршил во канал, од каде што е извлечен со кран од поражникарските служби.

Унгарската полиција ги истражува причините за несреќата, но според првичните информации возачот на автобусот заспал.

Повредените веднаш се пренесени во болницата Гор.

Од македонското МНР информираат дека се во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Будимпешта од каде што ќе бидат побарани официјални информации од надлежните унгарски органи за тоа како и кога се случила несреќата, колку лица се повредени, каде се тие сместени и најважно дали им е потребна каква било помош на македонските државјани.

Би можело да ве интересира

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Сопатник на мотор по улица влечеше 12-годишно дете

Горан Наумовски

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

МВР објави првични детали за сообраќајката на обиколницата, возачот на камионот е приведен

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица