(ВИДЕО) Повикот „Дојди и приклучи се“ ги крена од кревет студентите во „Гоце Делчев“

Од:

Под балконите на своите колеги во студентскиот дом „Гоце Делчев“ студентите синоќа извикуваа „Дојди и приклучи се“ за да го кренат гласот против лошите и мизерни услови на оние кои таму престојуваат. Младите од Студентски пленум скандираа под прозорите на студентскиот дом за да ги охрабрат нивните колеги конечно да се спротивстават.

Малиот протест следеше по проекцијата на документарниот филм „Зелени ѕидови – црна храна“ кој ги прикажува состојбите во „Гоце Делчев“. Филмот беше емитуван на платно позади спортската сала „Форце“. Целта на Студентскиот пленум беше да го актуелизира проблемот кој се повторува секоја учебна година и да го привлече вниманието на јавноста.

„Новата академска година донесе нови студенти кои се соочуваат со стари проблеми кои се провлекуваат со години. Повторно недоволно легла за студентите од внатрешноста, повторно недостоинствени услови за живот во студентските домови. Лифтови кои не работат, ужасни санитарни и хигиенски услови и ситуации кои буквално се опасни за живот се дел од секојдневието на вашите деца“, посочуваа од Пленумот.

Во меѓувреме студентите продолжуваат со кампањата „Ние не чекаме избори! Заокружи Гоце!“ Во овој студентски дом живеат нешто повеќе од 1200 студенти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар