(ВИДЕО) Потресна исповед од Стајковци – километар подалеку од местото каде се парадира пред камери

Од:

Заборавени од сите, трет ден без помош, и оставени сами на себе сите луѓе на улицата Антон Велков во Стајковци.

Во наноси од кал од еден метар, сами со свои раце и во солзи вадат надвор се што спечалиле во животот. Се е уништено. Без облека, без храна, нема вода. Дури денеска неколку работници се појавија, но никој друг. Големата хуманост која се прикажува по медиумите, стигнува само до училиштето во Стајковци, каде се телевизиските камери.

-Да молиш министер да му кажеш да дојде, ги нема никаде. Сите се јавувавме на телефон, баравме помош кога се поплавивме, ни рекоа не може да дојдеме да ве спасуваме додека не се слее водата. Децата ги качувавме на камин и на покриви, сведочат жителите на Стајковци.

Жена низ солзи кажува дека во уништената куќа е со детето кое има висока температура и со постар човек инвалид.

-Немам таблети, нема ништо. Роднини и пријатели ни помагаат, никој ништо нема направено, сами чистиме, ама ова уште половина година не се чисти. Се ми се уништи, цел мебел, ништо не остана, кажа низ солзи.

Би можело да ве интересира

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски