ВИДЕО: Потпишан меморандум за соработка меѓу МВР и Комората за приватно обезбедување

Од:

Фактот што денес го потпишуваме Меморандумот за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Комората за приватно обезбедување е логичен чекор во насока на продлабочување и конкретизирање на нашата заедничка соработка, истакна меѓу другото, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешното потпишување на Меморандумот за соработка меѓу МВР и Комората на РМ за приватно обезбедување во Домот на АРМ во Скопје.

Спасовски нагласи дека сосема е оправдано, да се размислува за сите можности или евентуални перспективи што ги споделуваат домените на приватната и јавната безбедност.

“Следствено на тоа, дефинирањето на една нормативна рамка, како што е денешниов Меморандум за соработка, го гледам како нужност од која што ќе имаме корист – Министерството за внатрешни работи како регулатор во дејноста и Комората како асоцијација на субјектите – директни носители на дејноста. Рамка, која што истовремено нуди еден широк простор за кооперативност и унапредување на соработката и активностите, на министерството и Kомората, во разните сегменти од дејноста приватно обезбедување. Крајниот бенефит од сево ова треба да го имаат вашите клиенти и граѓаните на Република Македонија” потенцирање министерот Спасовски.

Во Меморандумот за соработка главен акцент се става на меѓусебната комуникација и размена на информации во насока на унапредување на дејноста приватно обезбедување, но и генерално во интерес на јавниот ред и мир.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец