(ВИДЕО) Порака на СДСМ од Струмица: Заев премиер, Пендаровски претседател

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев од завршниот митинг во кампањата за предвремените парламентарни кој вечерва се одржа во Струмица, упати порака дека во победничка Струмица, во недела ќе се слави победа со пет илјади гласови разлика.

Истакна дека доколку СДСМ победи и тој стане премиер ќе се грижи подеднакво за сите граѓани, без разлика на вера и националности и дека ќе ја направи Македонија земја на среќни луѓе.

– Ќе ја зголемиме социјалната помош и додатокот за трето дете за 40 проценти. На секој маж со наполнети 64 и на секоја жена со 62 години ќе им дадеме пензија, без разлика дали имаат стаж, порача Заев.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, рече дека во оваа Турско Маало во Струмица има храбри луѓе кои знаат како и со колку да ја победат власта.
– Вие овде десет години по ред го победувате ВМРО-ДПМНЕ како сакате и колку сакате. Затоа во недела нека одовде почне големата прослава, која ќе заврши во Скопје каде што ќе се објави дека Македонија е конечно ослободена, рече Пендаровски.

6

2

1

5

4

3

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага