(ВИДЕО) Попова: Зоран Заев ги излажа граѓаните, нема покачување на социјалната помош

Од:

„СДСМ или свесно ги лажеа граѓаните или се целосно неспособни да го реализираат ветеното. Резултатот на крајот е ист. Животот дојде за Зоран Заев и функционерите околу него, додека граѓаните преживуваат. Зоран Заев пред парламентарните избори во 2016 година ветуваше дека социјалната помош веднаш по преземањето на власта ќе ја покачи на 12.000 денари. Зоран Заев излажа. Година ипол по изборите и повеќе од 9 месеци по преземањето на власта од страна на СДСМ граѓаните гледаат дека се изманипулирани“, изјави Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, СДСМ ветуваше дека на граѓаните кои имаат приходи под 12.000 денари ќе им биде исплаќана разликата до 12.000 денари од страна на државата. „Ова не се случи. Дополнително Заев ветуваше дека државата ќе се впушти во потрага по работа за социјално загрозените граѓани и ќе ги вработи. Едно ветуваа пред избори, друго прават кога се на власт. Поминаа повеќе од 9 месеци, а социјалната помош не е покачена“, вели Попова.

Според неа, во досега најобемниот Буџетот во историјата на Македонија не е предвидено покачување на социјалната помош. „Зоран Заев ги излажа граѓаните. Покачување на социјалната помош нема. Државата не им бара работа на социјално загрозените граѓани. Граѓаните се извисени и изманипулирани. Граѓаните се гневни. Заев ги лажеше социјално загрозените граѓани во трка за гласови. СДСМ и Зоран Заев си поиграа со нивните чувства. И додека граѓаните чекаат ветувањата да бидат исполнети Заев и оваа ненародна влада спроведуваат антидржавни политики, економијата тоне и владее несигурност“, вели Попова.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ