(ВИДЕО) Попова: Трлото на Шилегов и зелениот кров на ГТЦ чинат 1.1 милион евра, не сме зелена престолнина но го имаме најскапото зеленило во светот

Од:

„Зад мене го имаме најскапиот тревник во светот кој чини над 530 илјади евра. Неколку метри подолу, на ГТЦ го имаме пак најскапиот зелен кров од неверојатни 550 илјади евра. Значи зелениот кров на ГТЦ и тревникот пред ГТЦ кој доби популарниот назив трлото на Шилегов, скопјани ги чинат еден милион и сто илјади евра“, рече Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

„Скопје не е зелена престолнина ама го има најскапото зеленило во светот, трлото на Шилегов и зелениот кров на ГТЦ кои чинат неверојатни 1.1 милиони евра.

Дали Петре Шилегов покажува што е грабеж на народни пари и тоа во услови на корона вирус, кога буџетската дупка е се поголема?

Граѓаните погодени од корона кризата страдаат буквално за леб, а Шилегов троши половина милион евра за зелена трева.

Можеби за Шилегов, кој не живее од плата ова е нормално, но за граѓаните ова е ненормално.

Шилегов мора да одговори, во чии џебови завршија илјадниците евра од најскапиот тревник и најскапиот зелен кров во светот!?

Одговори веднаш. Оставка веднаш“, изјави Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му