(ВИДЕО) Марковска: Лажна грижа на владата на Заев за Официрски дом

Од:

„Предизборното лицемерие на СДС во Битола се вика – лажна грижа за „Офицерски дом“.

Не цели два месеци откако со ребалансот на Буџетот, владата на Заев и’ одзеде на Битола сигурни еден милион евра, веќе одобрени пари за Офицерскиот дом, компромисната кандидатка на Заев, сега го нуди Офицерски како свој главен проект, покажувајќи притоа и крајно непознавање на надлежностите на локалната самоуправа и управување со културното наследство.

За лицемерието да биде поголемо, во меѓувреме, нејзиниот ментор Заев преку своите институции Агенцијата за заштита на културното наследство и битолскиот Музеј, дополнително спречува било каков почеток на основна санација на Офицерски.

Доколку нејзината грижа беше искрена, кандидатката за Заев за Битола можеше на време да го премисли својот ментор да не ги пренаменува парите за Офицерски и да не побара од битолчаните Ковачевски и Кирацовски, да не го поддржуваат ребалансот со кој на Битола и се ускратија предвидените средства. Но таа не го направи тоа.

Битолчани препознаваат дека на некој што во изминатите четири месеци покажа дека не се грижи ни за сопствениот јазик, ни за историјата, ни за економијата, ниту за државата, а уште помалку за земјоделците, пензионерите, студентите, граѓаните, нема да му биде гајле ни за Битола, а уште помалку за Офицерскиот дом.

За водење на една општина не е се доволни само грижа, желба, празни политички пароли за живот и романтични видео спотови со убавата зграда на Офицерски.

Градоначалничката функција бара стабилност, знаење, искуство и работа – веднаш. И на Битолчани, па дури и на оние од СДС, им е повеќе од јасно кој го поседува тој капацитет.

Зоран Илиоски е успешен, докажан, одговорен, почитуван и домаќин човек кој умее и знае како треба да се води една општина како Битола. Тоа ќе се потврди на 15-ти октомври, со голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Битола“, изјави Наташа Марковска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања