(ВИДЕО) Попова: Голем дел од учениците се уште не ги добиле учебниците по сите предмети

Од:

„Измина речиси 1 месец откако започна новата учебна година, а голем дел од учениците сеуште не ги добиле учебниците по сите предмети, кои вообичаено во изминатите 8 години, владата која ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ ги обезбедуваше бесплатно и доставуваше навремено, пред први септември.

Родителите со право се загрижени. Наставниците, исто така. Тие се во непријатна ситуација затоа што, во следните неколку денови треба да започне проверката на знаењето на учениците, а тие пак, немаат од каде да учат.

Иако, оваа активност треба да биде вообичаена за Министерството за образование и наука, неодговорната министерка од редовите на СДС, се уште не ја завршила и покрај ветувањата дека учебниците целосно ќе бидат набавени и дистрибуирани до 15-ти септември. Јавноста беше грубо излажана, а штетата е на сметка на учениците и наставниците.

Повеќе од јасно е дека СДС нема капацитет за водење на институциите. Образованието е во тотален хаос. Освен укинувања, стопирања и блокирања на реформски процеси и проекти наменети за граѓаните, во изминатите 100 дена не видовме ништо корисно од политиката на оваа расипничка влада.

Информацијата која денес ја споделивме е само уште една причина и потврда дека СДС ќе биде казнет од мнозинството граѓани овие локални избори, по што ќе се отвори и можноста за предвремени парламентарни избори, со цел враќање на државата на вистинскиот пат“, изјави Ирена Попова.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ